„Младински политики по мерка на младите“

Во Битола денеска се одржа завршната конференција на проектот „Младински политики по мерка на младите“, реализиран од Pro Local заедно со осум организации од Пелагонија, меѓу кои и „Урбано Гнездо“ од Кривогаштани.

Проектот е поддржан од Владата на Швајцарија преку програмата „Цивика мобилитас“, а во фокусот е поголемото учество на младите во креирањето политики и донесувањето одлуки според нивните потреби и приоритети.

На завршниот настан беа презентирани реализираните активности и искуствата од проектот. Присуствуваше и се обрати министерот во Министерството за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски.

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, во своето обраќање истакна дека младите во Пелагонија немаат исти услови во зависност од тоа дали живеат во урбаните или во помалите и руралните средини. Според него, правото на секој млад човек да биде слушнат, да има услови за развој и да остане во својот роден крај треба да биде еднакво за сите.

На настанот свои обраќања имаа и директорот на МЦМС, Александар Кржаловски, и претседателката на Pro Local, Емилиа Ѓероска.

Во рамки на конференцијата беа доделени и наградите за младите бизнис иноватори од Пелагонија, учесници на Регионалната платформа за млади и регионалниот натпревар за иновативни бизнис идеи.

Свое обраќање имаше и Александра Јосифоска од „Урбано Гнездо“, која го сподели искуството од учеството во проектот. Таа неодамна се стекна и со сертификат за младински работник

Слични Објави