ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО СИТЕ ЖИТЕЛИ НА ОПШТИНА ПРИЛЕП

ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО СИТЕ ЖИТЕЛИ НА ОПШТИНА ПРИЛЕП – За задолжително отстранување на напуштени и отпадни моторни возила од јавни површини.

Општина Прилеп ги известува сите сопственици, односно носители на право на користење на напуштени или отпадни моторни возила (хаварисани, оштетени и неисправни возила), кои се оставени на јавни површини и во природата, дека се должни истите да ги отстранат.

Постапувањето се врши согласно Законот за управување со дополнителни текови на отпад и Упатството за постапување на општините со напуштени или отпадни возила.

Се повикуваат сите сопственици и корисници на вакви возила во рок од 10 дена од денот на објавувањето на ова известување доброволно да ги отстранат возилата од јавните површини и природата.

Доколку возилата не бидат отстранети во наведениот рок, Општина Прилеп ќе постапи согласно законските прописи, при што возилата ќе бидат отстранети од страна на колективниот постапувач избран за таа цел.

Акцијата ќе ја спроведуваат инспекциските служби на Општина Прилеп, во соработка со Министерството за внатрешни работи и овластен колективен постапувач.

Општина Прилеп апелира до сите сопственици и корисници на напуштени и отпадни моторни возила да постапат согласно ова известување и навремено да ги отстранат возилата.

Со тоа заеднички придонесуваме за поголема безбедност во сообраќајот, заштита на животната средина и одржување на јавните површини чисти и уредни.

Слични Објави