Македонија прва во светот по бројот на пушачи – Речиси 40% од возрасните пушат цигари

Македонија се наоѓа на првото место во светот според уделот на возрасното население кое пуши, според статистичка анализа објавена од „World of Statistics“.

Според податоците наведени во анализата, 39,5 отсто од населението постаро од 15 години во Македонија пуши цигари. Со овој процент, земјата е на врвот на листата меѓу државите опфатени со рангирањето.

На второто место е Тимор со 38,2 отсто, а потоа следуваат Либан со 37,2 отсто, Бугарија и Србија со по 35,8 отсто, додека Црна Гора е на шестото место со 33,6 отсто.

Во поширокото рангирање се наоѓаат и Хрватска со 32 отсто, Индонезија и Турција со по 30 отсто, Франција со 30 отсто и Унгарија со 28 отсто. Шпанија е на 18. место со 25 отсто.

Податоците се однесуваат на процентот од возрасната популација, односно населението над 15 години, кое пуши. Рангирањето е објавено од „World of Statistics“, а како извор на податоците е наведуван „World Population Review“.

Слични Објави