Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски во посета на Научниот институт за тутун и Музејот за тутун Прилеп – Јубилеите и посетите се важни за градење на традиција
ОТВ имаше можност да ја проследи посетата на Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски на Научниот институт за тутун (НИТ) во Прилеп по повод припремите за одбележување на својот 100 годишен јубилеј од основањето.
Како значаен дел од оваа прослава важна како за НИТ, така и за Прилеп и државата, Музејот за тутун планира да биде во фокусот на внимание на посетителите не само заради јубилејот, туку и заради неговото значење. Музејот е формиран во 1973 година по повод 100 годишнината од постоењето на Тутунски Комбинат Прилеп.
Ваквите јубилеи и посети се важни за градењето традиција, која има и национално и регионално и општинско значење.