| |

ОКТОМВРИ, МЕСЕЦ ЗА ПОДИГАЊЕ НА СВЕСНОСТА ЗА РАК НА ДОЈКА

Месецот за подигање на свеста за ракот на дојка, кој се одржува во Oктомври секоја година, е создаден во 1985 година, со цел да се промовира скрининг и превенција на болеста, која секоја година погодува една од осум жени во САД, односно 2,3 милиони
жени ширум светот.

Најпознат по својата розова боја, во овој месец Октомври се одржуваат голем број кампањи и програми, кои ги спроведуваат здруженија и организации. Најчесто тие нудат поддршка на луѓето на кои им е дијагностициран рак на дојка, вклучувајќи метастатски карцином на дојка, потоа, едукација на луѓето за факторите на ризик за рак на дојка, а исто така ја нагласуваат и важноста од редовен скрининг, почнувајќи од 40 годишна возраст или возраст што е соодветна за личниот ризик од рак на дојка.

Во рамки на месецот посветен на борбата против ракот на дојка, во Македонија жените на возраст од 40 до 44 години, кои имаат член во семејството со рак на дојка или друг дополнителен ризик фактор ќе имаат можност самоиницијативно да се пријават за скрининг мамографија.

Редовните самопрегледи на дојките, годишниот преглед од страна на вашиот лекар и мамографијата која се прави еднаш годишно, се важни алатки за откривање на рак на дојка, посебно за раното откривање, кога ракот може да се лекува.

КОИ СЕ СИМПТОМИТЕ НА РАК НА ДОЈКА?

Промените што можете да ги забележите со визуелен преглед или палпација на градите може да бидат:

• грутка во градите

• промена на големината или обликот на дојката

• вдлабнатини во кожата или задебелување на ткивото на дојката

• превртена брадавица

• осип на брадавицата

• исцедок од брадавиците

• оток или грутка во пазувите

• болка или непријатност во градите што не поминува

• црвенило на кожата

• кожа како кора од портокал

Самиот факт што жената е жена, како и процесот на стареење, се двата најголеми ризик фактори за ова заболување. Тие фактори тешко се менуваат, но затоа можете да ги промените другите фактори на ризик, како што се пушењето, пиењето алкохол и
нередовното вежбање.

Во 2022 година во САД, се проценува дека 43.780 луѓе, од кои 43.250 жени и 530 мажи, ќе умрат од рак на дојка. Околу 9 отсто од сите нови случаи на рак на дојка во САД се откриени кај жени помлади од 45 години. Ризикот од рак на дојка се зголемува како
што жените стареат. Црните жени имаат помала веројатност да бидат дијагностицирани со рак на дојка од белите жени, но имаат 41% поголема веројатност да умрат од оваа болест. Околу 170.000 луѓе во Америка живеат со метастатски рак на дојка.

Извор: https://www.breastcancer.org/about-breast-cancer/breast-cancer-awareness-month

Слични Објави