ДИГИТАЛНА ИНКЛУЗИЈА ШАНСА ЗА СИТЕ СО UNDP MK
На Интернационалниот Ден На Постари Лица, заменичката постојана претставничка на УНДП МК – Ана Чернишова ја посети Општина Ресен, каде што повеќе од 10 години се реализира Програмата Општинско – корисна работа.
Со научените нови дигитали вештини, старите лица добиваат можност за динамично активно стареење и независен живот.
Оваа година, за првпат во Македонија, невработени лица ќе поминат верификувана обука и ќе бидат ангажирани како Ментори – асистенти за усвојување дигитални вештини и дигитална писменост кај маргинализирани групи, со фокус на старите лица во регионот на Преспа.
Во рамките на програмата, се имплементираат и социјални услуги за нега и грижа за старите лица со поддршка на независно живеење, како и се поттикнува интергенерациска коминикација со цел #инклузијазасите.