Прилеп под маски од 20 до 23 февруари – „Прочка 2026“ со два големи јубилеи

Од 20 до 23 февруари, Прилеп ќе биде во знакот на карневалската магија на „Прочка 2026“, година во која се одбележуваат 25 години организиран прилепски карневал и 100 години од „Прилепските мечкари“, една од најпознатите традиционални маски во регионот.

Годинава се очекуваат над 500 учесници во групни и поединечни маски од Македонија и странство.

Претседателот на здружението Прилепски мечкари, Ванчо Ѓорѓиев, соопшти дека архивски материјали потврдуваат дека организирани поворки имало уште во 1921 година, со што традицијата надминува еден век.

Програма:

  • 20 февруари (петок) – Изложба на ученички маски во Центар за култура Марко Цепенков
  • 21 февруари (сабота) – Детски карневал
  • 22 февруари (недела) – Големо дефиле со групи од Македонија, Србија и Бугарија. Почеток во 13:00 часот
  • 23 февруари (понеделник) – Традиционален ручек на мечкарите во Манастир Св. Ѓорѓија

Годинава во Прилеп ќе пристигне и Ларс Алгел, претседател на Федерација на карневалски градови на Европа, што е дополнително признание за значењето на прилепскиот карневал.

Прилеп е дел од мапата на најзначајните карневалски градови во Европа, повеќе од две децении

Слични Објави