Локалните избори ќе се распишат во првата половина од август

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска најави дека локалните избори во Македонија ќе бидат распишани во првата половина на август. Според него, тој период е утврден со закон како последен термин за распишување.

– Очекуваме и чекаме уште малку да видиме дали можеме да донесеме закони и да не попречиме во работата на другите институции. Ќе се обидеме максимално да ги искористиме овие денови, но изборите ќе ги распишеме во рамките на законските рокови, во првата половина од август – изјави Гаши.

Законот предвидува изборите да се распишат 70 дена пред истекот на мандатот на градоначалниците и советниците, што значи дека тие мора да бидат распишани најдоцна во август годинава.

Фото: Собрание

Слични Објави