|

Прилеп, на Самитот Б40 – Балканска мрежа на градови

Од 29 до 31 јануари во Тирана беше одржан Самитот Б40 – Балканска мрежа на градови, на кој учествуваше и градоначалник на општина Прилеп Борче Јовчески со неговиот тим, за време на Самитот Б40 оствариле средби со домаќинот на Самитот градоначалникот на Тирана, господин Ерион Велиај, со градоначалникот на Истанбул господин Екрем Имамоглу, како и со градоначалниците на општините Сплит, Текирдаг, Тузи и Велико Тарново.

Членството на Прилеп во оваа Мрежа на градови од Балканот го отворa патот за соработка меѓу градовите и овозможува размена на позитивни искуства за решавање на урбаните проблеми, како и зголемување на можноста за економска соработка помеѓу бизнис секторите и проширување на своите пазари во рамките на оваа мрежа на градови од Балканот.

„Пред околу 40 градоначалници од сите држави од Балканот и останатите високи претставници на меѓународните и европските институции, имав прилика да се обратам и да ја претставам нашата општина Прилеп. Ги запознав накратко присутните со местоположбата и големината на Прилеп, за неговата значајна и богата историја, за природните богатства, за економските можности и бизнис климата и се она што е препознатлив бренд на нашиот град.

Нашата цел како локална самоуправа е да продолжиме и во иднина економски, општествено и културно да ја развиваме општината, со вклучување на сите структури во заедницата, да направиме дигитална трансформација и да креираме инклузивна заедница, да ја надоградуваме и да ја продолжиме соработката меѓу градовите во рамките на Б40 мрежата и да разменуваме позитивни искуства за решавање на урбаните проблеми, се со цел, заедно да креираме политики за унапредување на урбаните заедници во интерес на сите граѓани согласно Европската визија.„ стои во изјавата од градоначалникот Борче Јовчески

Слични Објави