ПАРЧИЊА ЖИВОТ – БОЈАНА АРТИНОВСКА

Утре во Ценарот за култура, Битола во 19.30 часот, ќе биде отворена изложба под насалов „Парчиња живот“ на ликовната уметница Бојана Артиновска

,,Парчиња Живот” е интимно истражување на секојдневните моменти доловени преку уметнички дела во мал формат. Секое дело од оваа колекција претставува фрагмент од моите секојдневни искуства, отсликувајќи ја суштината на обичните, но инзвонредни моменти кои го обликуваат мојот живот. Преку овие дела ве повикувам да ја погледнете убавината во секојдневието.

Драги мои, ве канам на уште едно уметничко доживување наречено ,,Парчиња Живот” ! Овој пат сакам да ги споделам своите интимни , секојдневни моменти, доловени преку уметнички дела во мал формат – стои во поканата напишана од Артиновска.

Слични Објави