| |

Летната крводарителска акција повикува: Една донација може да спаси живот

Летото е период кога резервите на крв традиционално се најмали, додека потребата од крв останува секојдневна и итна. Токму затоа, Црвениот крст на Република Северна Македонија организира летна крводарителска акција со цел да се обезбедат доволни резерви за сите пациенти на кои им е неопходна крв.

Од Црвениот крст апелираат до сите хумани граѓани да се приклучат на акцијата, бидејќи секоја дарувана единица крв може да значи спасен човечки живот.

За крводарителите од Прилеп, Битола, Струга, Кичево, Демир Хисар и Ресен е обезбеден организиран превоз. Сите пријавени крводарители дополнително ќе бидат известени за времето и местото на тргнување од Прилеп.

За пријавување и дополнителни информации, заинтересираните можат да се јават на телефонските броеви:

📞 075 233 781
📞 076 428 447

Дарувањето крв е еден од најхуманите гестови што човек може да ги направи. Со само неколку минути од вашето време, можете да спасите нечиј живот.

Слични Објави