„Макпетрол“ со апел до граѓаните да не наседнуваат на онлајн измами

„Макпетрол“ предупредува – Лажна наградна анкета кружи на социјалните мрежи



„Макпетрол“ АД ја информира јавноста дека во приватни пораки на социјалните мрежи почнале да циркулираат линкови кои водат до лажна наградна анкета со наводна можност за освојување на 37.000 денари, при што компанијата лажно се наведува како организатор.

Од компанијата потенцираат дека станува збор за измама и апелираат граѓаните да не кликаат на ваквите линкови, бидејќи постои ризик од злоупотреба на личните податоци и загрозување на безбедноста на електронските уреди.

„Макпетрол“ потсетува дека единствени официјални интернет-страници на компанијата се www.makpetrol.com.mk и www.verna.mk, додека официјалниот Facebook-профил е „Макпетрол Ultra“.

Сите останати пораки, линкови и содржини кои наликуваат на наведените веб-страници и профили се лажни, немаат никаква поврзаност со „Макпетрол“ и треба целосно да се игнорираат.

Слични Објави