|

Специјални контејнери за текстил низ градот – 2 и 3 април 2025

Во Прилеп поставени специјални контејнери за текстилен отпад

На 2 и 3 април 2025 година, жителите на Прилеп ќе имаат можност да се ослободат од стариот текстил на еколошки начин. Во градот се поставуваат специјални контејнери за текстилен отпад на повеќе локации, со цел правилно управување и рециклирање на отпадот. Граѓаните можат да ги користат контејнерите на локации како Точила, Центар, Варош, Тризла, Болница и многу други. Оваа иницијатива има за цел да поттикне одговорно постапување со текстилниот отпад и да придонесе кон зачувување на животната средина.

Локации на контејнери:

📍Точила,

  • Наспроти ОУ Блаже Конески
  • Наспроти Белстон маркет

📍Центар

  • Наспроти Палма Шоп
  • Наспроти продавница Тритекс

📍Димо Нареднико

  • Парк згради Димо Нареднико

📍Џогдере

  • Паркинг Табана

📍 Болница

  • Пред главен влез-Болница

📍Варош

  • Економски Факултет
  • Амфитеатар

📍Тризла

  • ОУ Добре Јованоски

📍 Автомотосојуз

  • Излез/влез од град Прилеп

📍 Жабино Мало

  • Игралиште кај Параклисот

📍 Биди Маж

  • Градинка Бончејца

📍Населба типски

  • Kафе бар база

📍11 Октомври

  • Фабрика 11ти Октомври

📍 Салида

  • Наспроти ресторан Кермес

📍 5та Прилепска

  • Згради на 5та Прилепска

Слични Објави