(видео) Градоначалникот на Прилеп со отчет за четиригодишната работа

Во Собраниската сала на Општина Прилеп, градоначалникот Борче Јовчерски, го презентираше отчетот за своето четиригодишно работење. Тој посочи дека мандатот го започнал со празна каса и долгови од околу пет милиони евра и запоставена инфраструктура.

Како најзначајни реализирани проекти ги издвоји рехабилитацијата на над 70 улици во градот и населените места, обновата на водоводната мрежа и изградбата на ново водоснабдување во село Канатларци, како и поставување полуподземни контејнери за отпад.

Посебен акцент, според него, бил ставен на хигиената, образованието и јавните површини – реконструкција на спортски игралишта, изградба на два нови парка и мерки за поддршка на еколошка свест кај граѓаните.

Градоначалникот информираше и дека општината значително го намалила долгот на околу 200 илјади евра, а во буџетот моментално има 75 милиони денари, кои, како што рече, ќе му овозможат на неговиот наследник да продолжи со започнатите проекти.

Слични Објави