Стратегија за млади на Општина Кривогаштани
Советот на општина Кривогаштани на седницата одржана на ден 22.02.2024 година ја донесе Стратегија за млади на општина Кривогаштани за период 2024-2029.
Локален младински совет ќе придонесе кон вклучување на младите во процесите на креирање политики на локално ниво, унапредување на нивната положбата во заедницата и градење на капацитетите на младите како идни лидери
во општеството. Од друга страна, за самите млади ова ќе биде мотивирачки чекор да практикуваат активно граѓанство, да учествуваат во решавањето на проблемите на младите од Општината и да работат во градењето подобра иднина во локалната средина за сите граѓани.
Поддршката на младинското учество во развивањето ефективни младински политики и носењето одлуки заедно со институциите е значајно за обезбедување подобар живот на младите и за јакнење на демократските капацитети во нивната заедница. Младите треба да бидат активни и ангажирани затоа што нивното учество го гледаме како дел од решенијата за подобар и побезбеден свет!
Локалниот младински совет има за цел да го зголеми учеството на младите во општината и локалната заедница. Препознавањето на младинските потреби и предизвици, нивното решавање, во соработка со самите млади и обезбедувањето
соодветни сервиси за млади, го поттикнува напредокот и развојот на младите и ја зајакнува нивната улога во рамки на општеството.
Стратегијата, одлуките и сите потребни документи, можете да ги најдете на следиот линк на официјаланта страна на општина Кривогаштани https://krivogastani.gov.mk/?p=6673
Стратегија за млади на општина Кривогаштани 2024-2029 e Врз основа на Член 20 од Законот за младинско учество и младински политики (“Службен весник на РСМ”, бр.10/20) член 36 став 1 точка 15 од Законот за локална самоуправа (“Службен весник на РМ”, бр.05/02) и Член 17 став 1 точка 43 од Статутот на општина Кривогаштани (“Службен гласник на општина Кривогаштани”, бр.3/11, 17/14, 10/16, 14/16, 6/19 и 9/23)