Крушево подготвено за „Десет дена Крушевска Република“ 2026

Од 1 до 10 август 2026 година во Крушево ќе се одржи традиционалната манифестација „Десет дена Крушевска Република“, посветена на одбележувањето на 123 години од Илинденското востание и Крушевската Република.

Свеченото отворање е закажано на 1 август, со почеток во 20:00 часот, а програмата опфаќа бројни културни, образовни и забавни настани, изложби, концерти, театарски претстави, трибини, работилници и традиционални чествувања на значајни историски локации во Крушево.

Во текот на десетте дена посетителите ќе имаат можност да проследат настапи на домашни и странски уметници, фолклорни ансамбли, ретро забави, детски програми и содржини посветени на македонската историја, култура и традиција.

Централното одбележување на Илинден ќе се реализира на 2 август, додека манифестацијата ќе биде затворена на 10 август со пригодна свеченост и културно-уметничка програма.

Организатор на настанот е НУ ЦК „Десет дена Крушевска Република“ – Крушево, со поддршка на надлежните институции и Општина Крушево. Граѓаните и гостите се поканети да бидат дел од ова значајно чествување на македонската историја и државност.

Слични Објави