Кривична пријава за бесправно градење во Прилеп
СВР Битола поднесе кривична пријава против С.Р.(50) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.
Во периодот од август до октомври 2024 на две катастарски парцели, пријавениот изведувал градежни работи, односно изградил куќа со деловни и станбени простории без претходно одобрение за градба издадено од надлежен орган.
-Бесправното градење претставува опасност за урбанистичкото планирање и животната средина, бидејќи многу често овие објекти се изградени без да се земат предвид безбедносните стандарди и регулираноста на инфраструктурата.



