ДЕЛ ОД ПРИЛЕПСКО ПОЛЕ СЕ УШТЕ БЕЗ ВОДА – ТУТУНАРИТЕ ПОВТОРНО РЕАГИРААТ
Се работи за повеќе од 200 хектари земјоделско земјиште во Прилепско поле, каде што се одгледува тутун и други култури зависни од наводнување. Земјоделците алармираат дека секој ден без вода значи потенцијално поголеми штети.
Тие бараат итна реакција и предупредуваат дека штетите би можеле да бидат катастрофални доколку се изгуби уште една недела.
Иако Филип Филипоски – генерален директор на АД „Водостопанство“ – пред десет дена им вети на земјоделците дека дефектот ќе биде саниран за една седмица, денес состојбата на теренот останува непроменета. Наводнување сè уште нема, а загриженоста расте.