Краен рок за промена на возачките дозволи со старото уставно име е 31.12.2024

Возачките дозволи со старото уставно име „Република Македонија“, нема да важат после 31.12.2024 година, па затоа Министерството за внатрешни работи (МВР) апелира истите да се заменат со нови кои ќе бидат со новото уставно име – „Република Северна Македонија“.

Министерството за внатрешни работи ги потсетува граѓаните дека важноста на возачките дозволи со старото уставно име, согласно со промената на законот за безбедност во сообраќајот, е заклучно со 31.12.2024 година. Министерството ги повикува сите граѓани кои се уште имаат возачка дозвола со старото уставно име, да ја обноват својата возачка дозвола, до истекот на рокот, со цел да не се создаваат непотребни гужви.

“Сите капацитети на министерството и шалтерите на управните служби функционираат во полн капацитет и можат да ги услужат граѓаните да ги заменат своите возачки дозволи во редовниот рок до 31.12.2024, без никакво доцнење и гужви.“

Слични Објави