|

„Корен и крило“ – Ликовна изложба на Емилија Т. и Михаил З. (видео)

Вчера во Вила „Мила-Марија“ се случи ликовна изложба со наслов „Корен и Крило“ на ликовната уметничка, Емилија Трајковска и незиниот син Михаил Забрчанец.

„Корен и крило“ ја носи моќната слика на жената – истовремено основа и потпора, но и инспирација и слобода. Мајката е токму тоа: стабилен корен што нè држи цврсто, и силно крило што нè поттикнува да летаме, да растеме, да сонуваме.

Таа беше светлина.

Во секоја жена на платното – таа.

Изложбата е моја лична посвета – на мајката што ја изгубив, но и на сè што се пренесува преку љубовта меѓу генерациите. Опфаќа лични моменти, мега кои и слики од моето дете – продолжението на тој ист корен, новото крило во нашата семејна приказна – Емилија Трајковска

Слични Објави