LOCKDOWN со тријбут на ЗАНА

7.Август, на Плоштадот Александрија, под отворено небо и почеток точно во 21:00 часот, љубителите на ex-Yu музиката ќе уживаат во вистинско музичко враќање во времето со бендот LOCKDOWN, кој оваа вечер ќе приреди специјален концерт посветен на легендарната ЗАНА.



LOCKDOWN е формиран во 2020 година, а иако низ годините поминал низ повеќе промени во поставата, денешната верзија на бендот се смета за најсилна досега. Со Нена Тодороска како вокалистка, Кирил Младеноски на гитара, Михаил Грашкоски на тапани и Димитар Јованоски на клавијатури, бендот го носи препознатливиот звук што совршено ја оживува атмосферата на некои од најголемите музички имиња од поранешна Југославија.

Нивниот репертоар не е само трибуте на ЗАНА – тука се и безвременските хитови на Здравко Чолиќ, Бјело Дугме и други легенди на сцената. LOCKDOWN се познати по своите акустични изведби, но и по тоа што секогаш внесуваат свежина и младешка енергија во песните што се длабоко врежани во колективната меморија на публиката.

За постарите, ова ќе биде вечер исполнета со сеќавања и емоции, а за помладите – можност да ја искусат магијата на музиката што оставила траен печат. Разновидниот и внимателно селектиран сет ќе ве однесе на патување низ златните години на ex-Yu поп и рок музиката, со песни кои и денес живеат во срцата на многумина.

Не пропуштајте! Камената бина – Четврток 07.08. 21:00 часот.

Слични Објави