| |

По 11-ти пат се одржа традиционалниот фестивал на дуети „Константин и Елена“ во Могила

По 11-ти пат на 30 јули во Општина Могила се одржа традиционалниот фестивал на дуети „Константин и Елена“, единствениот фестивал од овој вид во Република Македонија.

Фестивалот на дуети „Константин и Елена“ ја негува и поддржува македонската народна песна и го негува македонскиот фолклор.

На фестивалот настапија групата „Бумбари-Бенд“, Ивана и Тони Наумовски, Катерина Танева и Ѓоко Ѓорчев, Софија Кочовска и Љупчо Јовановски-Бубе, Василиа Петрова и Цане Петров, Серафина Фантаузо и Кицо Стефановски, Руса Андова и Пеце Ристевски, Вики Среброва, Раде Младеновски, Петар и Ивана, Елена и Лазар, Сузана Гавазова и Благоја Грујовски, групата „Дар-Мар“ и оркестарот на  Јане Рафајловски.

„Општина Могила како генерален спонзор и поддржувач заедно со Советот на општина Могила ќе ја продолжи традицијата преку фестивалот „Константин и Елена“ да даде свој придонес во зачувување на македонскиот фолклор, традиционалните вредности, македонскиот јазик, култура и традиција како носечки темели на македонскиот идентитет“, истакнуваат од општина Могила.

Слични Објави