ЌУМУРНОТО ИГРАЛИШТЕ ПОДГОТВЕНО ЗА НОЌНИ ТРЕНИНЗИ И НАТПРЕВАРИ
Со поставување на лед светло, целосно е осветлен теренот на помошното фудбалско игралиште „Павел Шатев“, познато како Ќумурното игралиште во Битола.
Ова игралиште го користат повеќе спортски клубови за тренинзи и спортски натпревари, а со осветлувањето на теренот се овозможуваат спортски активности и во вечерните часови.
Паралелно, Општина Битола заедно со Фудбалската федерација на Македонија како носител на проектот за рефлекторско осветлување на стадионот “Петар Милошевски”, работат на завршување на постапките за центрирање и фотометрија на рефлекторското осветлување, неопходни за одигрување на ноќни натпревари на стадионот во Битола, согласно пропишаните стандарди.
Реализацијата на овие проекти е во насока на исполнување на заложбите на локалната самоуправа за инвестиции во подобрување на спортската инфраструктура и создавање подобри услови за спортување во градот.