ЈУБИЛЕЕН 15 СЛЕМ ВО ПРИЛЕП – КОНКУРСОТ ОТВОРЕН

Деценија и пол слем во Македонија
100+ слемер(к)и
9 национални претставнички и претставници на Европското слем-првенство
2 претставници на Светското слем-првенство
Поетри слем Македонија повторно го отвора конкурсот за учество на традиционалниот национален слем-натпревар!
Националниот слем-шампионат оваа година ќе се одржи по 15. пат во градот под Марковите Кули – Прилеп на Денот на народното востание.
Пријавете се со 2 авторски текста (проза или поезија) на слободна тема соодветни за 3–5 минути изведба и 1 видео.
Текстовите треба да се приложени во 1 Ворд-документ и напишани со македонска поддршка во Тајмс Њу Роман, големина 12, израмнети налево и со единечен проред. Ворд-документот треба да биде именуван со името и презимето на пријавениот/пријавената.
Видеото да биде снимено со мобилен телефон поставен вертикално и да претставува снимка како пријавениот/пријавената изведуваат 1 од пријавените песни. Видеото да не биде подолго од 3 минути.
*** Пријавите без видео нема да се земаат предвид!
Избраните ќе се натпреваруваат на националниот слем-натпревар во Прилеп во октомври 2025 година. Текстовите ќе бидат објавени во заеднички зборник.
Победникот/победничката ќе ја претставуваат Македонија на Европското слем-првенство со можност и на Светското (ако се пласираат).
Текстовите се испраќаат на: poetri.slam@yahoo.com најдоцна до 15. септември, понедленик, до 23.59 ч.
Пријави се! Можеби токму ТИ ќе бидеш овогодинешниот/овогодинешната национален/национална шампон/ка!

Слични Објави