ЛЕГНАТИ ПОЛИЦАЈЦИ НИЗ ЦЕЛ ПРИЛЕП (видео)
По повеќемесечо реагирање од страна на граѓани, во координација со АГТИС и со посредство на Отворена Телевизија (otv.mk), Општина Прилеп започна со припрема на веќе мапираните точки низ градот, за поставување легнати полицајци. Како што информираат од таму, мапирањето е целосно заврешено и се започнува со реализација на проектот.
Од општината додаваат дека проектот ќе биде завршен за околу два месеци, а ќе се почне од најкритичните точки, пред се училиштата.