Одржана 8. седница на Советот на Општина Прилеп – изгласани три точки, една повлечена
Советот на Општина Прилеп денеска ја одржа 8. седница, на која, покрај двете претходно закажани точки, беа додадени уште две дополнителни точки на дневниот ред.
На дневен ред беа:
- Предлог-правилник за доделување на еднократна парична помош за секое запишано прваче во основните училишта во општина Прилеп
- Предлог-правилник за измена на Правилникот за доделување на еднократна парична помош за новороденче
- Избор на членови на Надзорните и Управните одбори на јавните претпријатија
- Програма за еднакви можности
Првите три точки беа изгласани со гласовите на владејачкото мнозинство, додека четвртата точка – Програмата за еднакви можности – беше повлечена од дневниот ред и вратена на доработка.



