Воведен времен режим на сообраќај на патот Прилеп – Кавадарци
Известување за сообраќај – А1 Прилеп – Кавадарци
Од 10:00 часот на 13.10.2026 година, на патниот правец А1, на делницата Прилеп – Кавадарци, во потегот Беловодица – Тројаци, се воведува времен режим на сообраќај поради градежни активности.
Сообраќајот ќе се одвива со наизменично пропуштање на возилата, а режимот ќе остане во сила до завршување на градежните работи.
Препорака: Возачите да управуваат внимателно, да ја почитуваат поставената сигнализација и да сметаат на можни задржувања на овој патен правец.


