|

Матурантите од СОУ “Цар Самоил” го одиграа танцот Квадрил од Штраусовата опера ,,Лилјакот”

Денес на градскиот плоштад, матурантите од СОУ “Цар Самоил” го одиграа танцот Квадрил од Штраусовата опера ,, Лилјакот” и ја започнаа матурската веселба на Плоштадот во Ресен, а со тоа се вклучија во Матурската парада која се одржува во 40 градови низ Европа.

„Им посакувам многу среќа и успеси во понатамошниот живот, да бидат среќни и да ги постигнат зацртаните цели во животот“ стои во пораката од Јован Тозиевски – Градоначалник на Општина Ресен

Утре во 18 часот ќе се одржи и свеченото дефиле на матуранти каде што ќе ги испратиме на прославувањето на нивната матирска вечер.

Фото – општина Ресен

Слични Објави