Прилеп во акција за хуманитарна поддршка – Трчаме 5-ка за Никодим!
На денот на ослободувањето на Прилеп, нашиот град покажа солидарност со хуманитарната трка „Трчаме 5-ка за Никодим“. Оваа иницијатива обедини млади и стари, љубители на спортот и сите оние кои сакаат да придонесат за оние на кои им е потребна помош.
Трката не само што означи важен историски момент, туку стана и симбол на нашата способност да се обединиме за една хуманитарна цел. Со огромна поддршка од сограѓаните, собрани се средства кои ќе бидат наменети за лекувањето на малиот Никодим, кому му е потребна нашата помош.
На настанот присуствуваа многу учесници, кои со ентузијазам и решителност се вклучија во трката, демонстрирајќи вистински дух на заедница. Организаторите упатија голема благодарност до сите кои учествуваа и помогнаа да се создаде оваква важна иницијатива.
„Сите средства од котизацијата ќе бидат наменети за лекувањето на малиот Никодим, кому му е потребна нашата поддршка. Голема благодарност до сите кои учествуваа и помогнаа да му подариме надеж на Никодим.
Продолжуваме да градиме град и заедница во духот на хуманоста и солидарноста. Вие сте инспирација и пример за вистинска заедница!“ истакна градоначалникот на Прилеп Борче Јовчески.
Фото – општина Прилеп