ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ ОД ПРЕЛИМИНАРНАТА ЛИСТА НА ДОБИТНИЦИ
ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ ОД ПРЕЛИМИНАРНАТА ЛИСТА НА ДОБИТНИЦИ НА КЛИМА УРЕДИ
Со цел транспарентност на постапката по јавниоѕ повик за набавка на инвертер клима уреди и после дополнително спроведените контроли, Општина Битола ги известува граѓаните дека, во периодот од 09.06.2025 (понеделник) од 7:30 часот до 13.06.2025 година (петок) до 15:30 часот, на шалтерите при Општина Битола сите потенцијални добитници од прелиминарната листа потребно е да ги достават оригиналните фискални сметки.
Фискалните сметки треба да се достават во затворен плик со назнака:
За ЈАВЕН ПОВИК за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на Општина Битола за набавка на инвертер клима уреди за 2025 година,
Име презиме на потенцијалниот добитник и
реден број од Прелиминарната листа.
Напомена:
Комисијата ќе ги прифаќа само доставените оригинални фискални сметки и нивното доставување е услов за потенцијалните добитници да се најдат на Конечната листа.