|

(видео) „Ex nihilo: Репортажна поезија за Андалузија“ од Прилепскиот Шанахи

Синоќа во кафетерија „Тротоар“ во Прилеп беше промовирана книгата „Ex nihilo: Репортажна поезија за Андалузија“ од Звонко Димоски, чудесн спој на поезија и, документарен патопис, кој мајсторски е направен од Прилепскиот „Шанахи“ или чуварот на творештвото , како што го нарече промоторката Драгица Здравеска.

Беше исклучителна вечер, исполнета со убави емоции, кои тивко и природно градат заедница со предзнак на човечноста.

Андалузиец значи „мешан човек“, а Андалузија претставува вистинска мешавина од култури, нешто што силно потсетува на она кон што се стремиме и ние во Македонија: спојување, разбирање и создавање заеднички простор во кој различностите не разделуваат, туку збогатуваат.

Звонко Димоски уште еднаш се потврдува како автор кој ја збогатува културната сцена на нашиот град, но и на секое место што ќе го посети, оставајќи трага со својот препознатлив творечки израз.

Слични Објави