|

ВО БРАЗИЛ И АЈКУЛИТЕ ШМРКААТ БЕЛО

Студијата од Фондацијата Освалдо Круз во Бразил откри докази дека ајкули уловени на брегот во Бразил, имаат 100 пати поголема концентрација на кокаин од претходно пријавената за другите водни суштества. Ајкулите всушност се погодени од дроги кои го загадуваат океанот.
Научниците испитале 13 диви бразилски остри ајкули кои биле купени од мали рибарски бродови, бидејќи видовите го поминуваат целиот свој живот во крајбрежните води и затоа најверојатно биле погодени од загадувањето.

Се претпоставува дека дрогата до океанот доаѓа преку канализацијата во која се истураат големи количества дроги.

Сепак на крај се вели дека, студијата не била многу опсежна и дека не е доволно познато, колку кокаинот влијае врз живиот свет во океант.

 


 



Слични Објави