| |

Исплатени средствата за семејствата на загинатите и повредените во странство

Линк за ДОНАЦИЈА https://ckgs.org.mk/doniraj/

Црвениот крст на Република Северна Македонија соопшти дека е завршена исплатата на средствата за семејствата на сите загинати и за повредените лица кои се лекуваат во странство по трагичната несреќа во Кочани. Исплатата за повредените кои се хоспитализирани во домашните болници се очекува да започне следната недела.

„Во тек е прибирање на податоци за повредените лица хоспитализирани во државните болници во соработка со Службата за општи и заеднички работи на Владата. По добивање на списоците, веднаш ќе се изврши исплата на средствата, што се очекува на почетокот на наредната недела. Потоа ќе се пристапи кон усогласување на критериумите за распределба на останатите средства за настраданите“, информираат од Црвениот крст. Заклучно со денешниот ден, на солидарната сметка се собрани 102.410.247 денари. Покрај финансиската поддршка, Црвениот крст во континуитет обезбедува и психосоцијална помош за погодените семејства и заедниците. Ангажирани се над 100 психолози во соработка со Комората на психолози на Македонија, кои работат со ученици, наставници, припадници на противпожарната бригада и полицијата. Дополнително, на барање на универзитетите, организирани се обуки за прва помош и психолошка прва помош за студентите. Во наредниот период, во соработка со Министерството за образование и наука, ќе се спроведуваат активности за едукација на учениците, наставниците и стручниот кадар за справување со стресни состојби и заштита на менталното здравје во кризни ситуации.

Црвениот крст и неговите партнери остануваат посветени на обезбедување долгорочна поддршка за семејствата на настраданите, помагајќи им во процесот на враќање кон нормалното секојдневие.

Слични Објави