2.2 милиони денари данок, наплатени од донациите за Кочани
Граѓанската иницијатива „Сапорт Кочани“ соопшти дека државата наплатила вкупно 2.274.285 денари персонален данок од средствата што беа донирани за помош на настраданите во пожарот во кочанското кабаре „Пулс“.
Вкупниот износ на донации собрани преку заедничката сметка изнесува 22.742.997 денари, по што е заокружена и третата, последна распределба на средствата.
Во рамки на третата распределба биле опфатени и донации од Македонската православна епархија за Европа, во износ од 3.153.204 денари.

Според податоците од иницијативата:
- 123 лица добиле по 15.968 денари
- 19 лица добиле по 45.992 денари
Персоналниот данок за оваа распределба изнесувал 315.292 денари.
Од „Сапорт Кочани“ упатија благодарност до сите граѓани и институции што донирале, како и до НЛБ банка, која ги ослободила од наплата на банкарска провизија за трансакциите.
Потсетуваме, во трагичниот пожар во кабарето „Пулс“ во Кочани животот го загубија 63 лица, а околу 200 беа повредени, по што беше формирана и граѓанската иницијатива „Сапорт Кочани“ со цел помош за настраданите и нивните семејства.



