|

Школата за женски активизам „Жени во политиката“

Градоначалникот на Општина Крушево Томе Христовски, и градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски вечерва го отворија вториот модул од Школата за женски активизам „Жени во политиката: Изградба на вештини за ефективно лидерство”. Во своите излагања тие говореа за модерна и професионална локална самоуправа, за улогата и значењето на советниците, како и за вклучувањето на жените во локалната заедница. Настан организиран од Friedrich-Ebert-Stiftung Skopje

„Мора да се избориме што повеќе жени да се вклучат во политиката. Можеме да зборуваме за модерни и транспарентни локални заедници единствено доколку ги активираме жените и девојките. Советниците се тие кои ги претставуваат интересите на граѓаните и мораме да го слушаме гласот на сите, на млади, на жени, на мажи, на пензионери, на сите граѓански организации”, рече Христовски.

„Улогата на жените во политиката е од големо значење затоа што ја зголемува ефикасноста на локалната власт. Во Општина Центар над 60% од вработените се жени, односно, од 111 вработени лица 66 се жени, а 45 се мажи. Од вкупно 9 сектори во Општината, во седум од нив раководат жени. Од 24 одделенија, во 16 раководат жени. Во моментов, владата има најмал процент на жени министерки во нејзиниот состав, со што тука ја гледаме разликата помеѓу левицата и десницата. Левицата секогаш вложува во женското лидерство затоа што кога жените водат се зголемува продуктивноста, лојални се и прават позитивни промени на локално и централно ниво”, истакна Герасимовски.

Слични Објави