|

„Галерија на насмевки“ – Инклузивни работилници за креативност

Во Општина Крушево се организира креативна работилница за децата и младинците од Дневниот центар за деца и младинци со попречености, како и за дечињата згрижени во ЈОУДГ „Гонча Туфа“. Целта на работилницата е преку запознавање со техниките на сликање со темперни и фасадни бои и цртање мурали, да се поттикне нивната креативност и иновативност.

Во рамки на проектот, децата ќе создадат мурал – „галерија на насмевки“ – преку кој ќе ги изразат своите насмевки, желби и доживувања на светот околу нив. Оваа уметничка иницијатива ќе го разубави просторот каде што тие го поминуваат своето време, додавајќи уникатен шарм и позитивна енергија.

Проектот „Галерија на насмевки“ е реализиран од Општина Крушево со поддршка на Министерството за култура и туризам, како дел од заложбите за создавање инклузивни активности кои ги инспирираат најмладите да ја изразат својата креативност.

Слични Објави