ЏК „Сеишин“ со пет медали на меѓународниот турнир „Победникот на Пирот 2026“

Џудо клубот „Сеишин“ оствари одличен настап на 3. Меѓународен џудо турнир „Победникот на Пирот – 2026“, кој се одржа на 24 јануари во Пирот, Република Србија, во организација на Џудо клубот Ипон – Пирот.



На престижниот турнир настапија околу 420 натпреварувачи од 44 клуба од пет држави, што го вбројува овој настан меѓу позначајните џудо натпревари во регионот.

ЏК „Сеишин“ се претстави со седум натпреварувачи и освои вкупно пет медалиеден златен, два сребрени и два бронзени, со што клубот го потврди квалитетот и добрата форма на почетокот од новата сезона.

Освоени медали:

  • Јована Цветкоска – 🥇 1 место
  • Иван Јошески – 🥈 2 место
  • Христијан Бунески – 🥈 2 место
  • Ангел Стојовски – 🥉 3 место
  • Дино Кулевски – 🥉 3 место

Одлични настапи прикажаа и Марко Марковски, кој го освои петтото место, како и Арсениј Димески, кој за малку остана без медал.

Ова беше втор настап на ЏК „Сеишин“ во новата натпреварувачка сезона, а воедно и први освоени медали во 2026 година, што претставува силен мотив за уште подобри резултати во продолжението од сезоната.

Екипата на турнирот беше предводена од тренерите Мартин Ристески и Сашо Димовски.

Слични Објави