(видео) Досега се откупени 1,7 милиони килограми тутун со просечна цена од 419,68 денари
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски денеска оствари работна посета во Прилеп, каде на терен изврши увид во текот на откупот на тутунот во прилепскиот регион. Во рамките на посетата, министерот се запозна со динамиката на откупот, условите во пунктовите и предизвиците со кои се соочуваат тутунопроизводителите.
Од почетокот на сезоната, во регионот се откупени 1,7 милиони килограми тутун со просечна цена од 419,68 денари, а од вкупно 320 пријавени пунктови низ државата, активно работат 207. Министерството најави целосна поддршка и присуство на терен до завршување на сезоната, со јасна порака дека „ќе се собере последното ливче тутун“.
Посетата во Прилеп е дел од активностите за следење на текот на откупната кампања и навремено решавање на можните предизвици.



