|

Крушево меѓу 100-те најдобри светски приказни за одржлив туризам

Крушево е вброено меѓу 100-те најдобри приказни во светот во областа на одржливиот туризам и годинава се натпреварува за престижната People’s Choice Award, односно награда од публиката.

Од Општина Крушево велат дека ова признание претставува потврда за богатата традиција, природната убавина и заедничката посветеност на локалната заедница кон одржливиот развој.

Во рамки на изборот, граѓаните имаат можност да гласаат и да го поддржат Крушево како туристичка дестинација од светски ранг. Гласањето се одвива онлајн, на следниот линк:
https://gdcommunity.typeform.com/Top100PCA2025?typeform-source=com.google.android.gm

Крушево е единствена македонска дестинација која се најде на оваа престижна листа, што, според надлежните, дополнително ја потврдува неговата важност на туристичката мапа на одржливи дестинации.

Слични Објави