Ден на добри дела во Битола…

Денот на добри дела е меѓународен ден на општествено корисна работа што започнал да се прославува од 2007 година како иницијатива на непрофитна организација и има за цел да ги обедини луѓето од целиот свет да прават добри дела за другите жители на планетата.

МКЦ-Битола е една од водечките волонтерски организации во нашата земја што го иницира, координира и организира првиот Ден на добри дела, со различни активности.

Одбележуваки го овај ден Младински културен центар ‒ Битола организираше креативна работилница за изработка на мурал во основното училиште Trifun Panovski Битолa.

Волонтери беа вклучени во подготовка и цртање на ѕидовите во училишниот двор со што го разубавија истиот. Место кое во блиска иднина ќе прерасне во едукативно катче за учениците.

Слични Објави