Четири награди на натпреварот од областа на циркуларна економија
Денес во Економскиот факултет во Прилеп се одржа натпревар од областа на циркуларната економија за учениците од средните општински училишта од регионот.
Фото @Економски Факултет – Прилеп
На натпреварот учествуваа 21 тим, 83 ученици под менторство на 23 наставници од 15 средни училишта, кои беа оценувани од жири комисија составена од претставници на бизнис заедницата, Comfy Angel, Vitaminka и Прилепска пиварница / Prilep Brewery.
На победничкиот тим, учениците од ОСУ “Мирко Милески” Кичево под менторство на проф. Мена Пејоска, им беше доделена награда во износ од 10.000 денари.
Втората награда во износ од 6000 денари ја добија учениците од СОЗУ Кузман Шапкарев – Битола под менторство на професорите проф. Лидија Трајкова и проф. Живка Иванова,
Третата награда во износ од 4000 денари учениците од СОУ ,,Св.Наум Охридски” – Македонски Брод под менторство на проф. Даниел Крстески.
Покрај наградите од Економскиот факултет-Прилеп, беше доделена и награда од Пакомак во вредност од 10.000 денари на учениците од СОУ Орде Чопела Прилеп под менторство на проф. Мирјана Стојческа Ѓорѓиоска. Благодарност до сите учесници на овој натпревар и се надеваме на уште многу вакви заеднички успеси.