АХВ со засилени контроли пред празниците – Уништи 200 кг небезбедна храна
Во пресрет на новогодишните и божиќните празници, кога побарувачката за храна е значително зголемена, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведе засилени инспекциски контроли во угостителските објекти. Во изминатите две недели, реализирани се 244 инспекциски контроли, со акцент на објектите каде што се организираат предновогодишни прослави. Контролите откриле дека, 43 оператори не ги задоволуваат хигиенските…



