Богојавление во Демир Хисар – 19 среќни учесници го извлекоа Светиот крст
Во Општина Демир Хисар, традиционално беше одбележан големиот христијански празник Богојавление – Водици 2025 година. Празникот беше прославен во 19 населени места низ општината, каде се одржа чинот на осветување на водите и фрлањето на Светиот крст. Под генерално покровителство на градоначалникот Никола Најдовски, празничните манифестации привлекоа голем број на верници кои учествуваа во овој православен настан.
Во 19 населени места на територијата на Општина Демир Хисар, достојно, во духот на православието се одбележа големиот христијански празник „Богојавление“ – Водици, 2025 година, каде што традиционално се организира фрлање на Светиот крст и симболично осветување на водите.











Како по обичај, најмасовно, и овој пат, беше на централната Богојавленска свеченост на мостот на Стара Река, населба Мургашево, Демир Хисар, со голем број на верници ширум општината, но и од соседните општини.
За најуспешните и најсреќните, им беа врачени пригодни поклони. Градоначалникот Никола Најдовски, им честиташе на сите кои имаа среќа да го фатат Светиот крст за оваа година и упати искрени желби за добро здравје, љубов, среќа во животот и успех на секое поле.
Во прилог и листа на најсреќните имиња кои го фатија Светиот крст – богојавленците, Општина Демир Хисар:
1. Демир Хисар, Христијан Петревски
2. Сопотница, Александар Трајковски
3. Белче, Леонид Василевски
4. Прибилци, Антонио Николовски
5. Граиште, Александар Радевски
6. Вардино, Антонио Солевски
7. Жван, Дарко Шулевски
8. Слепче, Давид Бошковски
9. Суводол и Кутретино, Лука Тренчевски
10. Доленци, Драган Трајановски
11. Слоештица, Стефан Талевски
12. Смилево, Златко Коштревски
13. Загориче и Утово, Даниел Ѓорѓиевски
14. Стругово, Александар Милевски
15. Журче, Марко Босилковски
16. Железнец, Маријан Стефановски
17. Единаковци, Бобан Котевски
18. Света, Антонио Митревски
19. Велмевци, Горан Стојановски



