ЈЗУ Општа болница Прилеп со нови апарати за анестезија
Со слоганот – „Види порано -Делувај побрзо“! ЈЗУ Општа болница со проширена дејност, ја сподели веста за новите набавени апарати Абиоскоп и Перфузор., за потребите на одделението за анестезија, реанимација и интензивно лекување.
Абиоскопот, односно PSP (Pancreatic stone protection), е фактички биомаркер за рана детекција на сепса. Со овој најсовремен апарат од фирмата ABIONIC се укажува на можна појава на сепса 72 часа пред нејзиното настанување со што се овозможува предвремено детектирање и делување.

Исто така за ова оделение набавен е и Перфузор, со кој се овозможува континирана покриеност на пациентите со 24 часовна терапија, вели Татјана Гнип Катароска, главна сестра на службата за анестезија, реанимација и интензивно лекување.
Во наредниот период ЈЗУ Општа болница со проширена дејност ќе продолжи со набавката на најсовремена апаратура за подобрување на опременоста на наште болнички оддели а се со цел поквалитетна услуга за нашите пациенти и подобри услови и опрема за нашиот медицински кадар.