Новогодишен панаѓур во Општина Новаци, празнична радост за сите!
Општина Новаци подготвува настан за жителите и посетителите! Во пресрет на највеселиот период од годината, на 25 декември 2024 година, во дворот на општината ќе се одржи Новогодишен панаѓур, кој ќе започне во 10:00 часот.
Настанот ќе понуди богата програма за сите генерации. Посетителите ќе имаат можност да разгледуваат штандови со уникатни ракотворби, новогодишни подароци и слатки задоволства, како и да уживаат во празничната атмосфера исполнета со детска музика, топло чај и чоколадни изненадувања.
Како посебен дел од панаѓурот, од 12:00 часот ќе се одржи детската новогодишна претстава „Желбаркото“ од театарот „Бабец“. Оваа приказна е идеална за најмладите и ќе донесе уште повеќе радост и празничен дух.
„Ги покануваме сите граѓани, деца и возрасни, да ни се придружат на оваа магична прослава. Овој панаѓур е можност за заедничко дружење, радост и создавање незаборавни празнични моменти,“ изјави градоначалникот на Општина Новаци, Стевче Стевановски.
Добредојдени се сите! Не заборавајте да донесете позитивна енергија и добро расположение, да го прославиме најубавиот период од годината заедно!
Настанот е во организација на Општина Новаци.