Битолските згради со нови енергетски ефикасни фасади
Во изминатиов период на територијата од општина Битола се обновени фасади од станбени згради за колективно домување, од кои граѓаните ги почувствуваа придобивките од енергетската ефикасност.
Енергетски ефикасна фасада на зграда во населбата Карпош, фото@ОпштинаБитола
Дел од средствата за обнова на новите енергетски ефикасни фасади се субвенционирани од страна на општина Битола преку проектот „Енергетски ефикасни домови“ 2023, кој општината го објави во текот на 2023 година (https://www.bitola.gov.mk/javen-povik-sub-efikasni-domovi). Вкупниот буџет за овој Јавен повик врз основа на Програмата (Р1) – ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА на Општина Битола за 2023 година, во висина од 3.125.000,00 денари. Субвенционирањето од Општина Битола од 30%, но не повеќе од 750.000,00 денари од вкупниот износ на вредноста на инвестицијата за секоја одобрена апликација – (извадок од јавниот повик).
„Една од главните заложби на општината е да обезбеди што поголема енергетска ефикасност на јавните објекти, но истовремено и да ги субвенционира колективните приватни згради, со цел да обезбедат поголема енергетска заштеда на своите домови.
Ги охрабруваме жителите на колективните станбени згради и натаму да ги користат субвенциите на општина Биотла, со цел да обезбедат подобри услови и енергетски ефикасни домови.“ Стои во соопштението од Општина Битола.