РУЦК Прилеп со известување за планирани прекини во електрична енергија и вода на 26 јануари
Регионалниот управувачки центар за кризи (РУЦК) – Прилеп информира дека на 26.01.2026 година (понеделник) на територија на Општина Прилеп ќе има планиран прекин на електрична енергија, како и прекини во водоснабдувањето поради санација на дефекти.
Планиран прекин на електрична енергија
Во периодот од 09:00 до 12:00 часот, без електрична енергија ќе бидат корисниците на:
- Ул. „Александар Македонски“ бр. 1
(НН извод од ТС „Дармил“ кон паркингот пред „Комфи Ангел“ и ЈП „Национални шуми“)
Состојба со водоснабдувањето
Водоснабдувањето на ден 26.01.2026 година ќе биде нормално, со здравствено исправна вода за пиење.
Вкупно произведена количина на вода изнесува 311 литри во секунда, од кои:
- 265 л/с од изворот Студенчица
- 0 л/с од бунари
- 46 л/с од сопствени извори
Прекин во водоснабдувањето поради санација
Поради санација на дефекти и приклучоци, во периодот од 08:00 до 14:00 часот, прекин во водоснабдувањето ќе има на следните улици и населени места:
- Ул. „Андон Слабејко“
- Ул. „Киро Ќососки“
- Ул. „Кире Гаврилоски“
- Ул. „Драган Димески“
- Населено место Мажучиште



