ПРОТЕСТ НА ГРАЃАНСКАТА ИНИЦИЈАТИВА „СПАС ЗА ПРИЛЕП“ ПРЕД ОПШТИНА ПРИЛЕП
Утрово од 7 до 8 часот беш блокиран регионалниот пат Прилеп-Скопје кај с.Оревоец. Блокадата траеше еден час, а потоа граѓаните со возила се упатија пред зградата на Општина Прилеп каде побараа средба со градоначалникот Борче Јовчески, но не добија никаков одговор.
На протестот говореа неколку активисти кои укажаа на штетноста од отварањето на рудникот над с.Оревоец. Се обратија и до своите сограѓани од кои побараа поддршка да се изврши притисок, за што е можно побрзо изнаоѓање решение кое нема да ја загрозува животната средина, а со тоа и здравјето на прилепчани и жителите на засегнатите села.
Минатата недела гостин на ОТВ беше, адвокатот Жарко Стевоноски, од граѓанската иницијатива „СПАС ЗА ПРИЛЕП“ со кој разговаравме за сите предизвици со кои се соочуваат жителите на с.Оревоец и околните села, по отварањето на каменоломот со чија експлоатација се загрозува животната средина на огромен дел од Општина Прилеп. Погледнете го целото интервју: