Авто-школите ја зголемија цената на обуките до 35% – Возачката дозвола станува луксуз?
Од 1 ноември, обуките за возачи во авто-школите поскапеа за 35% или 8.500 денари, соопшти Здружението на авто-школи.
За обука за возач од Б категорија, цената се зголеми од 24.500 на 33.000 денари. Во оваа сума се вклучени 20 часа теоретска настава (4.500 денари) и 36 мото часови практична настава (28.500 денари).
Идните возачи дополнително плаќаат 250 денари по час за три посети на полигон, како и по 1.500 денари за користење на возилото при првиот и вториот практичен испит. Дополнителен час возење чини 1.000 денари, а лекарското уверение 1.200 денари.
Слични се цените и за останатите категории: А – 24.000 денари, БЕ – 15.000 денари, Ц – 32.000 денари, ЦЕ – 25.000 денари, Д – 40.000 денари. Дополнителните часови и користење на возило за полагање варираат според категоријата (до 2.500 денари).



