ПРЕТЕЖНО ОБЛАЧНО ВРЕМЕ СО ДОЖД И СНЕГ ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Денеска времето ќе биде променливо облачно, со максимална температура од 7 до 12 степени. Кон крајот на денот и во текот на ноќта се очекуваат повремени врнежи од дожд во западните делови од земјава. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Според најавите на метеоролозите, под влијание на циклонска активност, од вечерните часови денеска, па сè до недела, времето ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, кои на одделни места ќе бидат пообилни.

Се очекува локално да наврнат над 30 литри дожд на метар квадратен за 24 часа, а во текот на целиот период количината на врнежи на одредени места може да надмине и 80 литри на метар квадратен.

Поради продор на постудена воздушна маса од север, за време на викендот врнежите ќе преминуваат во дожд и снег на некои од повисоките места, додека на планините ќе бидат од снег, при што се очекува формирање на нова снежна покривка.

Од почетокот на следната работна седмица се очекува стабилизирање на временските услови, со променлива облачност и сончеви периоди.

Слични Објави